Бергоми критикува: Тој не е соодветна замена за играчите што си заминаа…

Дерби

22/09/2026

08:51

198

Големина на фонт

а а а

Интер има позитивен старт на новата сезона, четири победи и едно реми на петте средби во Серија А и пораз од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Има работи кои треба да се подобрат и една од нив е играта во одбраната затоа што „нероаѕурите“ од дуелот со Наполи почнаа да примаат доста голови.

Наполи, Реал и Рома по двапати ја тресеа мрежата на шампионот, додека Удинезе ги матираше дури трипати, меѓутоа оваа екипа си замина од празни раце од „Сан Сиро“ (5-3). Џузепе Бергоми беше дел од едно друго време, време во кое многу фокус се ставаше на одбраната и тој се одлучи да критикува посочувајќи дека Џон Стоунс не е идеален играч како замена за Стефан Де Фрај и Франческо Ачерби кои го напуштија клубот.

-Велите дека Интер го засилил тимот со доведување нови играчи. Всушност, тие го ослабеа составот во поглед на централните дефанзивци. Стоунс пристигна, но тој е навикнат да игра во тим што има 80% посед на топката и се брани како целина. Интер испраќа многу играчи напред, па одбранбените фудбалери мора да се бранат „еден на еден“, а тој не е навикнат на тоа.

-Никогаш не реков дека Де Фрај и Ачерби не требаше да си заминат. Реков дека не беа заменети. Зборувам за одбранбени играчи кои играат „човек на човек“. Можеш да се снајдеш со Аканџи или Бисек во срцето на одбраната, но веќе ги немаш тие играчи за чување „човек на човек“, -порача Бергоми.