Незапаметена трагедија во тимот на Јанг Бојс! Неговиот син починал непосредно пред мечот…и единствениот гол му е посветен нему

Точка

12/12/2024

16:28

2.518

Големина на фонт

а а а

Мешак Елија, фудбалер на Јанг Бојс, вчера го загуби својот четиригодишен син, по кратко боледување. Оваа трагична вест ја доби ноќта пред натпреварот од Лигата на шампионите против Штутгарт.

Фудбалерот на швајцарскиот Јанг Бојс, Мешак Елија, доживеа незамислива трагедија пред натпреварот од Лигата на шампионите против Штутгарт, кога дозна дека починал неговиот четиригодишен син. Тажната вест дојде во вторникот вечерта, на само еден ден пред натпреварот, по што Елија веднаш го напушти тимот за да биде со своето семејство.

Според медиумите, момчето ненадејно починало во Демократска Република Конго по кратко боледување. Елија веста ја добил додека бил во друштво на својот цимер и соиграч Али Камара, кој меѓу првите му дал поддршка. Неговата сопруга, заедно со неговите преостанати два сина, веќе отпатува во родната земја каде што се случи трагедијата, а потоа клубот вчера излезе со соопштение:

„Мешак Елија и Јанг Бојс добија тажни вести во вторникот вечерта. Еден од синовите на Елија ненадејно починал по кратко боледување. Мешак Елија ќе се врати во Берн, а потоа веднаш ќе одлета дома кај своето семејство. Јанг Бојс се шокирани и сакаат да му изразат најдлабоко сочувство на Мешак Елија и да му посакаат сила нему и на неговото семејство. Ќе бидеме со него и ќе го поддржиме Мешак најдобро што можеме во ова тешко време.

Во знак на поддршка за својот соиграч, фудбалерите на Јанг Бојс во текот на натпреварот му оддадоа почит на Елија. Лукас Лакоми, стрелецот на единствениот гол за швајцарскиот тим во поразот од Штутгарт (5:1), при прославата на голот го крена дресот на Елија и со рака покажа кон небото, испраќајќи силна емотивна порака.

Оваа трагедија длабоко го погоди фудбалскиот свет, а зборовите на поддршка за Елија и неговото семејство пристигнуваат од сите страни.