Давид Силва има „аутсајдер“ за фаворит за „Златната топка“: Заврши неверојатна работа…

Дерби

09/10/2026

09:05

183

Големина на фонт

а а а

„Златката топка“ е тема која е актуелна и ќе продолжи да биде така се до крајот на месецов кога на свечена церемонија во Лондон ќе биде доделено признанието за најдобриот фудбалер на светот.

Веќе имаме потесен список на кандидати за наградата и останува да се види кој ќе добие најголем број на гласови и биде прогласен за број еден на планетава.

Ставовите, мислењата се поделени, некои имиња се издвои и дури си направија кампањи зборувајќи директно, отворено дека се најдобри, а има и такви кои се тивки и кои заслужуваат поголемо внимание особено ако ги имате освоено сите титули како што е случајот со Фабија Руиз. Шпанецот беше дел од ПСЖ со кого издоминира во Франција, освоена беше титулата во Лигата на шампионите и потоа со националниот тим стана и светски шампион и за Давид Силва тој е фаворит за „Златната топка“.

-Тој беше важен во ПСЖ, а потоа и во репрезентацијата. Не му се дава многу значење, не знам зошто, бидејќи е одличен играч. Многу ми се допаѓа и тивко заврши неверојатна работа.

-Родри веќе ја освои, инаку, и него ќе го споменев, -истакна Силва.