Давид Силва го привлече вниманието на шпанските медиуми откако се појави информацијата дека прифатил да се појави на еден натпревар во Хонг Конг и да се вклучи во популаризацијата на фудбалот во овој дел на Азија.
Новинарите го искористија неговото привремено реактивирање за да добијат мислење и на други теми, па Силва бил прашан и за битката за титулата во Ла Лига, каде Барселона и Реал Мадрид веројатно ќе бидат главни кандидати и оваа сезона.
– Ако Барселона продолжи да игра во ваков стил, тогаш Реал има невозможна мисија пред себе.
– Играат на високо ниво и играат атрактивен и квалитетен фудбал веќе неколку години под водство на Флик, а годинава доведоа и важни засилувања. Ако продолжат вака, нема да имаат конкуренција за титулата.
– Никој не може да го отпише Реал со оглед на составот со кој располага. Ако останат блиску до крајот на сезоната, можат да се борат, но повторно само ако Барса им даде таква можност, – рекол Силва.







