Браун: Погба по третпат во Јунајтед? Тоа сценарио…

Дерби

12/12/2024

13:22

1.837

Големина на фонт

а а а

Пол Погба ќе може да се врати на терените во 2025 година и тоа откако ќе му истече казната во месец март.

Јувентус одлучи да расчисти со него, па Французинот како слободен играч ќе може да ја избере новата дестинација во кариерата. Повеќе од јасно е дека Погба не смее да згреши со изборот ако сака соодветно да му се врати да фудбалот, да покаже дека се уште е квалитетен и може да настапува на највисоко ниво, па дефинитивно е интересно кој е тимот кој ќе му ја даде таквата шанса.

Се споменува преселба во МЛС, потоа враќање дома и тоа во редовите на Олимпик Марсеј, но има и такви срамежливи информации дека би можел да добие трета шанса во Манчестер Јунајтед, сценарио во кое не верува некогашниот дефанзивец на премиерлигашот Вес Браун.

- Не сум сигурен дали Пол Погба ќе се врати во Јунајтед по трет пат. Не можам да видам дека се случува. Пол очигледно, како индивидуален играч, тој е апсолутно класа. Отсекогаш ми се допаѓало како играше. Доби многу удари, но нема сомнеж во неговата способност како поединец. Тоа што е надвор од теренот 18 месеци, ќе биде тешко, ќе му треба малку време за да се врати на нивото што претходно го имаше.

- Знам дека ќе тренира некаде, но тоа е малку поинакво тренирање во изолација, а не со играчи од светска класа. Некој дефинитивно ќе го земе, без сомнеж за тоа, но не можам да видам дека тоа ќе биде Манчестер Јунајтед ако бидам искрен, - смета Браун.