Арсенал ја оправда улогата на фаворит и славеше над Монако со 3-0 во средбата од шестата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите.
„Топчиите“ уште еднаш потврдија дека се силни и сигурни во својот дом и со „тројка“ дојдоа до четвртото славје во оваа конкуренција. Букајо Сака беше автор на првите два гола и посакуваше уште еден за да дојде до првиот хет-трик на сениорско ниво.
Беше доста блиску до ова со оглед на тоа што во 88 минута по неговиот удар Каи Хаверц малку го промени движењето на топката и заврши во мрежата на францускиот клуб.
- Тој (Хаверц) ми застана на патот, ама не се грижите, ќе има хет-трик. На пат е, - се пошегува Сака.