Судија се расплака по завршувањето на натпревар во ЛШ, тренерот на Лајпциг го утеши

Макфакс

11/12/2024

13:28

1.783

Големина на фонт

а а а

Лајпциг и по шестото коло во Лигата на шампионите остана без освоен бод. Синоќа, Лајпциг доживеа пораз на домашен терен од Астон Вила (2:3). Лајпциг е првиот тим, учесник во европските купови, кој ги загуби шансите за пласман во нокаут фазата.

Натпреварот во Лајпциг го обележа и сцената по завршувањето на натпреварот. Еден од помошниците на Маурицио Маријани плачеше по завршувањето на натпреварот.

Сите на стадионот се прашуваа што се случи со Алесандро Џалетино, па до него дојдоа тренерот на Лајпциг, Марко Росе и дефанзивецот на Астон Вила, Пау Торес.

Причината, зошто Џалетино плашече е откриена подоцна. За Италијанецот ова беше последен европски натпревар на кој беше актер, односно помошен судија.

Во текот на својата кариера, Алесандро Џалетино беше помошен судија на 170 натпревари во Серија А. Тој судеше 42 пати во европските купови (Лига на шампиони 31, Лига Европа 11). На СП 2022 беше асистент во три натпревари, а на ЕП 2024 беше асистент во четири натпревари.

Џалетино беше помошник во фналниот натпревар во Лигата на шампионите во 2020 година, што претставува круна на неговата кариера.