Колумбијка најде интересна работа: Ви глуми девојка пред вашите роднини, а на крајот ќе ги измие и садовите

Точка

06/12/2024

20:06

5.299

Големина на фонт

а а а

Џесенија Ребека е 29-годишна Колумбијка која живее во Мајами, која глуми заљубена девојка на семејните вечери за време на празниците, но за вистинската цена, пишува "New York Post".

Девојката на социјалните мрежи ги претстави своите „божиќни пакетчиња“ за мажи кои немаат девојка и сакаат да донесат некого на семејна вечера, а некои нејзини услуги чинат и до 150 долари на час, пренесува "Index".

„Обезбедувам одлична услуга за празниците за самци“, напиша таа и објасни како за „сребрен пакет“ мажите треба да и дадат 250 долари, како и подарок, а за таа цена таа ќе оди на семејна вечера со нив, ќе помине два часа таму, а патем ќе каже и неколку вицови.

„Златниот пакет“ чини 450 долари и вклучува три часа дружење со Џесенија, која ќе раскаже убава приказна за тоа како го запознала момчето за неговото семејство да верува дека се заљубени.

„Платинум пакетот“ чини 600 долари, а во овој случај Џесенија шест часа глуми девојка и пред семејството му покажува љубов на момчето и го бакнува во образ.

Покрај тоа, таа ќе ги измие садовите по оброкот.