Пауло Фонсека и Милан денеска имаат тешко гостување во Бергамо и соочување со Аталанта, која сезонава игра во одлична форма и покажува амбиции и за освојување на скудетото.
„Росонерите“ лесно излегоа на крај со Сасуоло во Купот, но сега ги очекува многу посериозен предизвик, за кој тренерот вели дека има подготвено соодветен план.
– Никогаш не е добар момент да играш против ваква Аталанта, но ние сме во добар период, во кој постојано напредуваме и ја подобруваме играта.
– Знаеме дека ова ќе биде тежок натпревар, но подготвени сме, мислам дека се подготвивме како што треба за да ја добиеме и тактичката битка на теренот.
– Одбраната е многу важна, затоа што ни носи стабилност, а Аталанта е вистински тест за тоа. Противникот одлично се снаоѓа и во напад и во одбрана, но го прифаќаме овој предизвик, – рекол Фонсека.