Мурињо му одговори на Гвардиола: Јас моите титули чесно ги освоив

Макфакс

06/12/2024

13:51

2.238

Големина на фонт

а а а

Ливерпул го победи Манчестер сити со 2:0 во неодамнешното дерби на англискиот фудбал.

Навивачите на „Енфилд“, кога Ливерпул го постигна вториот гол скандираа „Утре ќе бидеш отпуштен…“ на Пеп Гвардиола, по што менаџерот на Сити крена шест прсти во воздух.

Тие шест прсти го означија бројот на титули кои клубот ги освои под негово водство во Премиер лигата. Со тој потег многумина потсети на Жозе Мурињо.

Португалецот, тогаш како тренер на Манчестер јунајтед, на навредите на навивачите на Челзи и Тотенхем одговараше со три прста во воздух.

Неколку месеци подоцна доби отказ од клубот, а едно од прашањата што му беа поставени на Гвардиола на прес-конференцијата по поразот од Ливерпул одеше токму во таа насока.

„Се надевам дека нема да биде така со мене. Тој освои три, јас шест“, беше дел од она што Гвардиола им одговори на новинарите за споредбата со Мурињо, денес тренер на Фенербахче.

Следеше одговорот на Мурињо: „Јас титулите ги освоив чесно. Секогаш кога ќе загубев му честитав на противникот. Не сакам да победувам и да се занимавам со 150 судски процеси”.

Одговорот на Мурињо алудира на процесот во кој Сити е обвинет за 115 прекршувања на финансискиот фер-плеј на лигата.