[ВИДЕО] "BMW M2" од кое тешко се бега

Точка

04/12/2024

21:47

6.061

Големина на фонт

а а а

Тјунерот "AC Schnitzer" ја поддржа кампањата на германското Министерство за транспорт и германската полиција наречена "TUNE IT! SAFE!" и создаде модифициран "BMW M2". Целта на кампањата е да се промовираат можностите за тјунинг автомобили на начин кој ги исполнува прописите.

"М2" е обоен во сребрена, сина и жолта боја, а има и налепници „Polizei“. Автомобилот е опремен со сет од 20-инчни AC4 ковани бандажи со двојни краци, како и аеродинамичен пакет кој се состои од шест компоненти. Позади има карбонски спојлер за да му даде на "M2" поголем "downforce".

Приспособливата RS суспензија го спушта автомобилот за 35 mm, додека твин-турбо моторот има нова обвивка со црвени детали и зголемена моќност. "AC Schnitzer" ја зголеми моќноста на 560 коњски сили и 674 Nm вртежен момент. Звукот на автомобилот е подобрен благодарение на новите карбонски издувни цевки.

Промените во внатрешноста се ограничени на алуминиумскиот потпирач за нозе, држачот за клучеви, воланот "iDrive" и педалите, пишува "Klix.ba".