Во време кога многу компании се натпреваруваат за најдобрите таленти, една компанија во Македонија успева да се истакне со својата уникатна понуда за вработените. Со бонус за добредојде до 1.000 евра, наградни патувања и бројни привилегии, оваа компанија не само што ги привлекува, туку и ги задржува најдобрите луѓе во својот тим.
Станува збор за компанијата Teleperformance која од пред четири години започна со работа во нашата земја, а денес брои над 700 вработени кои работат за едни од најголемите светски брендови. За да се стане дел од Teleperformance е мошне лесно – треба само да се аплицира преку линкот TPSkopje.com – а единствениот задолжителен услов е добро познавање на германскиот јазик.
Зошто Teleperformance?
Она што го издвојува Teleperformance од останатите работодавачи е посветеноста на благосостојбата и задоволството на своите вработени. Покрај атрактивниот бонус за добредојде до 1.000 евра, компанијата нуди атрактивни месечни примања, месечни бонуси врз основа на вашите перформанси и фантастични услови за работа во најсовремени канцеларии во срцето на Скопје.
Дополнително, вработените имаат можност да учествуваат во тимски активности, програми за менторство и наградни системи кои ги препознаваат и наградуваат нивните постигнувања.
Со фокус на квалитет, мотивација и грижа за своите вработени, компанијата ги поставува стандардите за современ работодавач во Македонија.
Привилегии што ги надминуваат очекувањата
Во 2024 година, како дел од политиката за наградување, компанијата отиде чекор подалеку и ги награди своите најуспешни вработени со незаборавно патување во Истанбул и во Париз. Овие патувања не само што претставуваа признание за нивниот труд и посветеност, туку и можност за создавање незаборавни моменти и зајакнување на тимскиот дух.
„Патувањата се само еден од начините на кои го наградуваме трудот и заложбата на нашиот тим. Веруваме дека мотивираниот тим е основата на секоја успешна компанија,“ велат претставници од Teleperformance.
Амбициозни планови за 2025 година
Во 2025 година, Teleperformance влегува со амбициозни планови за проширување и многу возбудливи можности за своите вработени. Компанијата има за цел да го зголеми својот тим и дополнително да инвестира во секој член од тимот преку своите врвни обуки и наградни програми. Со ова, Teleperformance продолжува да ја зацврстува својата позиција како еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија.
Како да станете дел од тимот?
Ако зборувате германски јазик и барате работа со одлични услови, можности за развој и стабилност, Teleperformance е вистинскиот избор за вас. Аплицирајте на ТPSkopje.com уште денес и искористете ја можноста да добиете бонус за добредојде до 1.000 евра.
Комерцијален текст