Саманта Милер (34) почина на денот на нејзината венчавка во Јужна Каролина откако Џејми Ли Комороски со голема брзина удри во колата голф во која се возеле Саманта и нејзиниот сопруг. Младоженецот, кој ја преживеа страшната несреќа, пред судот во Чарлстон изјави дека посакува „да умрел таа ноќ“.
Неколку моменти пред несреќата, Саманта му рекла на својот сопруг дека „не сака ноќта да заврши“. Во несреќата животот го загуби Саманта, додека нејзиниот сопруг Арик Хачинсон се здоби со сериозни повреди, вклучувајќи повреда на мозокот и повеќекратни скршеници. Џејми Ли Комороски (27) е осудена на 25 години затвор. Несреќата се случила минатата година.
На суд беше откриено дека Комороски таа вечер пиела алкохол во неколку локали и дека во крвта имала три пати повеќе од дозволеното ограничување. Покрај тоа, таа возела со брзина од 105 км/ч на патот во Фоли Бич, каде ограничувањето на брзината е само 40 км/ч.
Младоженецот Хачинсон не можел да ги задржи солзите додека сведочел за последните моменти кои ги поминал со сопругата. „Додека се возевме во колата, таа ми рече дека не сака да заврши оваа ноќ. Ја бакнав во челото, а следното нешто што се сеќавам е дека се разбудив во болница“, рече тој.