[ВИДЕО] Армијата ги преплави улиците на Сеул, вооружени специјалци влегоа во парламентот: „Забранети се сите политички активности“

Точка

03/12/2024

17:25

3.976

Големина на фонт

а а а

Според пишувањата на медиумите, вонредната состојба е воведена поради обидите да се започне процесот на отповик на претседателот

Во Јужна Кореја парламентот е блокиран по воведувањето на вонредна состојба. Армискиот генерал Парк Ан-Су беше назначен за командант под вонредна состојба.

„Забранети се политички активности како што се политички здруженија, собири и демонстрации. Народното собрание, локалните совети и активностите на политичките партии се забранети. Сите медиуми и публикации мора да дејствуваат во согласност со вонредната состојба. Целиот медицински персонал треба да се врати на своите работни места во рок од 48 часа. Прекршителите на уредбата за воена состојба можат да бидат уапсени без налог“, најави Парк Ан-Со.

Беа објавени видеа на кои се гледа како вооружени припадници на специјалната полиција влегуваат во парламентот. Засега нема информации за причината за ова. Според пишувањата на медиумите, вонредната состојба е воведена поради обидот да се започне процесот на отповик на претседателот.

Претходно, јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол во телевизиско обраќање рече дека прогласувањето вонредна состојба е неопходен чекор за заштита на земјата од севернокорејските комунистички сили и за елиминирање на антидржавните елементи. Јун рече дека одлуката е донесена за отстранување на просевернокорејските сили од земјата и заштита на либералниот уставен поредок.