Рокас: Планот за раст на ЕУ помага младите да ја градат иднината во регионот

Точка

02/12/2024

19:01

207

Големина на фонт

а а а

Образованието е клучната компонента за развој и клучен дел од процесот на пристапување кон Европската Унија бидејќи ги отвора перспективите на младите во регионот на Западен Балкан. Местоположбата на оваа земја нуди многу предности кои ја прават привлечна за инвестирање, но сите чинители заедно треба да креираат дијалог за тоа што најмногу ѝ треба на земјата во моментов за да се поттикне тој процес. Ова го истакна Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас, при неговата посета на Битола, која е и прва негова официјална посета надвор од Скопје откако е именуван на оваа функција.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава се сретна со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и со членовите на Советот, со кои разговараше за придобивките на општината од интегративниот процес, но и за механизмите кои им се на располагање за да го поттикнат развојот на локалната заедница. Амбасадорот Рокас се запозна и со различни локални граѓански иницијативи од Битола кои активно работат на унапредување на условите во заедницата, а со студентите од Универзитетот „Св.Климент Охридски“ размени многу интересни мислења за образовниот процес и улогата на младите во економскиот развој.


- Многу партнери од светот, особено од приватниот сектор, бараат можности за инвестирање. Но, за да може да инвестираат, земјата мора да има добра поврзаност, дигитализација и одржливост, а секако и талентирани млади луѓе кои може да ги поддржат тие инвестиции. Првичниот впечаток од разговорите што ги имав со претставници на Владата е дека образованието е во главен фокус, што е одлично. Но, колку и да вложува јавниот сектор во образованието, ако бизнисот и приватниот сектор не веруваат во тие млади луѓе, тогаш процесот е осуден на неуспех. Ги споделуваме истите вредности во поглед на образованието во процесот на пристапување и ги поддржуваме, со цел да ги задржиме младите овде и да градиме иднина во регионот. Тоа е комплексен процес, но иницијално гледам голема посветеност – истакна амбасадорот Рокас на дебатата со студентите.


Посетата на шефот на Делегацијата на ЕУ на Битола е прва од серијата општински посети преку кои граѓаните и институциите имаат можност да се запознаат со придобивките од процесот на пристапување во Европската Унија. Амбасадорот Рокас пред општинските власти ја истакна суштинската важност на прекуграничната соработка на Битола и грчките општини, поради што таа треба да се поттикне и зајакне во следниот период.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг