Захарова: Помилувањето на Хантер Бајден е „карикатура на демократијата“

Макфакс

02/12/2024

10:54

1.884

Големина на фонт

а а а

Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ја коментираше одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да го помилува неговиот син Хантер во две судски постапки, оценувајќи ја таа постапка како „карикатура на демократијата“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во неделата дека го помилувал својот син Хантер Бајден во судската постапка против него за даночни прекршувања и во врска со носење огнено оружје, а својата одлука ја оправда со тврдењето дека неговиот син бил подложен на неправедно гонење.


„Тоа е карикатура на тема демократија“, изјави денеска Захарова во коментар за одлуката на Бајден, пренесува „Известија“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг