Повеќе возила, семејства со мали деца и бремени жени веќе неколку часа не можат да се пробијат кон Бунец затоа што патот не е исчистен, тврдат дел од заглавените во објава на социјалните мрежи.
– Во моментов сме повеќе од 25 возила, меѓу нас има трудници и мали деца! Патот кон Бунец е непрооден, пријавено е во сите служби, ниту една не реагира!!! Makedonijapat Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management АМСМ Општина Маврово и Ростуше, се вели во објавата на една од жените кои се наоѓаат во конвојот возила.