Цените на брзата храна летаат – што се случува со сендвичарниците?

Денар

02/12/2024

18:33

2.477

Големина на фонт

а а а

Цените на брзата храна во Скопје стануваат сè потешко достапни за многумина, со што хамбургерите, тостовите и другите омилени оброци преминуваат во луксуз.

Последното поскапување предизвика лавина реакции меѓу граѓаните, особено меѓу студентите и вработените кои најчесто се потпираат на овие оброци.

Во некои од познатите сендвичарници, еден обичен хамбургер веќе чини 240 денари, додека цените на другите производи, како комбинирани сендвичи и вегетаријански опции, достигнуваат до 250 денари.


Овој раст, кој е особено видлив во текот на изминатите неколку месеци, за многумина претставува удар по нивниот џеб.

„Не можам да се справам со растечките трошоци без да ги зголемам цените“, вели Љупчо С., сопственик на мала сендвичарница во Карпош. „Секој ден поскапуваат суровините, а сметките за струја и кирија само растат. Сакам да задржам пристапни цени, но реалноста е дека нема начин да опстанам ако не ги прилагодам цените“.

Љупчо додава дека, и покрај тоа што ги зголемил цените, обемот на продажба забележливо се намалил, бидејќи многу од неговите редовни муштерии веќе не можат да си дозволат сендвичи како порано.

Од друга страна, студентите, кои честопати ја користат брзата храна како брзо и практично решение, се најмногу погодени од овие промени.


„Порано секој ден си купував хамбургер или тост, но сега тоа е невозможно“, вели Марко Т., студент од Битола кој студира на УКИМ. „Со овие цени, секој оброк е премногу скап. Сега често носам храна од дома или купувам нешто поевтино од маркетите“.

Ова поскапување не е изолирано само кај сендвичарниците. Брзата храна генерално бележи раст на цените, што делумно се должи на инфлацијата, порастот на минималната плата и зголемените трошоци за енергија.

Сопствениците на бизниси објаснуваат дека трошоците за суровини како месо, зеленчук и млечни производи исто така значително се зголемиле, што дополнително го отежнува одржувањето на постарите, попристапни цени.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг