„Македонецот“ доминира во Европа: Шортс е МВП во ноември во Евролигата

Точка

02/12/2024

18:36

7.490

Големина на фонт

а а а

Кошаркарот на Париз, Ти Џеј Шортс е прогласен за најкорисен играч (МВП) во ноември во Евролигата.

Шортс е еден од најзаслужните за осумте последователни победи на Париз во Евролигата, вклучително и пет во периодот од 7. до 29. ноември, кои се сметаат за МВП наградата.

Македонскиот репрезентативец во пет натпревари во ноември имаше просек од 19,6 поени и 8,4 асистенции со индекс на корисност 25,2, а ова е негово прво МВП признание во Евролигата.

Париз е на првото место на табелата во Евролигата со девет победи и три порази, а во двојното коло од Евролигата ќе игра против Макаби во Белград и Олимпијакос во Атина.