Јувентус имаше три бода „во џеб“ и требаше да ги доработи последните минути на „Виа дел Маре“, но во самата завршницата од судиското продолжение, Камбијазо направи непотребен продор на средината на теренот и иницираше контра која заврши со гол во мрежата на фаворитот.
Дефанзивецот на Јувентус се обиде да мине низ неколку играчи на домашниот тим, па така остави голем простор за против напад и шанса за Лече да дојде до големо израмнување.
Балканската двојка Крстовиќ-Ребиќ сурово го казни невниманието на фудбалерот на Јувентус, а иако Тиаго Мота не сакаше да го издвои како виновник, нагласи дека сите во тимот треба да научат од вакви грешки.
– Во второто полувреме како да останавме без пареа, а во такви ситуации, постои шанса да примите гол. Игравме добро прво полувреме, потоа поведовме, а на крајот дозволивме да примиме гол. Мора да продолжиме да работиме, мора да учиме од вакви грешки и да се подготвиме за следниот предизвик.
– Андреа Камбијасо реши да оди напред, а головите обично паѓаат после серија на такви грешки. Како што кажав, му дозволивме на Лече да остане во мечот и да биде поактивен, но дефинитивно можевме да спречиме нивно израмнување. Мора да се подобриме како колектив, мора да научиме од вакви работи и да останеме позитивни и покрај исходот. Мора да се вратиме на работа и да се подготвиме ментално и физички за следниот меч, – изјави Мота, алудирајќи на пресметката со неговиот поранешен клуб Болоња.
Видеото погледнете го ТУКА.