За Гинис: Судир од 7,2 милиони евра!

Точка

02/12/2024

13:02

6.369

Големина на фонт

а а а

Полицијата соопшти дека возачот на "Ferrari 812", заслепен од сонцето, удрил во "LaFerrari". Ова предизвикало верижен судир во кој учествувале уште два автомобили…

На австриските Алпи се случила сообраќајна несреќа за Гинис. Во една кривина се судриле неколку автомобили, и тоа не било какви – сите исклучиво луксузни суперспортски автомобили.

Како што пишува "RevijaHAK", вкупната вредност на овие автомобили е дури 7,2 милиони евра, а само браникот на еден од нив чини 57.000 евра.


Во несреќата учествувале: "McLaren Elva" (1,8 милиони евра), "Ferrari La Ferrari" (меѓу четири и пет милиони евра), "Ferrari 812" (речиси половина милион евра) и "Bentley Continental GTC" (околу 300.000 евра).

"McLaren Elva" е произведен во само 399 примероци, додека "LaFerrari" е уште поексклузивен со само 499 произведени.


Околностите за верижниот судир не се целосно разјаснети, но се претпоставува дека станува збор за собир на сопственици на суперспортски автомобили.

Според извештаите, првиот автомобил има сина регистрација, која трговците во Австрија ја користат како привремено решение.


Според британските медиуми, кои први ја пренесоа веста, австриската полиција соопштила дека возачот на "Ferrari "812, заслепен од сонцето, удрил во "LaFerrari".

Ова предизвикало верижен судир во кој учествувале уште два автомобили, создавајќи целосен хаос.