Милошевиќ си поднел изненадувачка оставка во Партизан, „Телеграф“ ја откри причината

Дерби

02/12/2024

12:27

1.106

Големина на фонт

а а а

Саво Милошевиќ пред два месеци го презема првиот тим на Партизан по болниот пораз кој го претрпе тимот од Хумска на вечното дерби, но ова попладне пристигна вест дека легендата на „црно-белите“ си поднел оставка пред новото раководство.

Сите респектабилни српски медиуми ја пренесоа веста за заминувањето на Саво, но „Телеграф“ се повика на свои извори и открива дека главна причина за радикалната одлука на Милошевиќ е платата.

По неговото пристигнување во Партизан, во клубот настанаа огромни проблеми и на чело беа поставени нови директори, а обидот да се изнуди намалување на платата на Милошевиќ на крајот завршило со поднесена оставка.

Тренерот на Партизан не ги прифатил ново поставените услови и решил да си ги спакува куферите, па ова утро пристигнал во Хумска за да се поздрави и да си ги собере сите работи од канцеларијата.

Како што тврди „Телеграф“, Милошевиќ го оценил ваквиот потег на клубот како крајно некоректен и потценувачки, особено поради фактот што тимот направи сериозен напредок со него и забележа шест победи и два реми резултати на одиграните осум натпревари од октомври наваму.