Тренерот на Јута ја направи најголемата глупост во поновата НБА историја: Секстон тргна во напад за победа, но…

Дерби

02/12/2024

12:25

6.323

Големина на фонт

а а а

Јута Џез на драматичен начин загуби од Лос Анџелес Лејкерс на домашен теренер, а главен виновник за тоа е тренерот на тимот, Вил Харди.

Инфаркт завршницата донесе возбуда до последните секунди од пресметката во „Делта центарот“, но кога најголем дел од фановите на домашниот тим почнаа да се радуваат на победничкиот напад, следеше шок од клупата.

Колин Секстон тргна во карактеристичен влез и успеа да дојде до ситуација да шутира, па иако неговиот обид беше успешен и заврши во кошот, истиот беше прекинат од судиите.

Причината за тоа беше тајмаутот кој го повика Харди, кој дефинитивно ја направи најголемата глупост во поновата историја на НБА лигата.

Тренерот на Јута целосно го утна моментумот и го прекина победничкиот напад на својот тим, а подоцна оној што го нацрта на таблата не беше успешен и заврши без поени.