[ВИДЕО] Неверојатна биографија: Човек испратил 100 апликации за работа „на шега“, а она што следело било нешто кое никако не го очекувал

Точка

30/11/2024

19:54

1.534

Големина на фонт

а а а

„Ловот“ на работа често бара упорност, време и флексибилност, но тиктокерот Џеј Ли со својот експеримент покажа дека креативноста и смелоста можат да донесат изненадувачки резултати.

Во видеото тој објаснил неконвенционална стратегија – испратил дури 100 апликации за работа во еден ден, користејќи измислено име и необична биографија.

Измислено име и необична биографија

Ли ги испратил сите апликации под лажното име Кисма Д Натс (Kismma D. Nhuhts) за да тестира колку внимание посветуваат работодавците на примените апликации. Во својата биографија, покрај стандардните информации, додал и неколку необичности – меѓу своите „достигнувања“ навел дека неговото куче победило на светскиот шампионат и дека соработувал со актерка од индустријата за возрасни.

@jerryjhlee

I applied to 100 jobs using a resume with the name, Kismma D. Nhuhts. You won't believe the results! In just over a week, 100 applications, 36 replies—can you believe it? 6 interviews, including a dream chance at Reddit! Do companies even glance at your resume? Stay tuned for more. #JustJerry #Wonsulting #KismmaNhuhtsSeries

♬ original sound - Jerry Lee | Wonsulting 💡

Резултатите од овој експеримент ги надминале неговите очекувања. Тој бил шокиран, бидејќи уште првиот ден ја добил првата покана за интервју, а во текот на една недела добил вкупно 36 одговори – шест покани за интервју и 30 одбиени апликации.

„Навистина бев изненаден од тоа колку одговори добив за толку кратко време. Уште поневеројатно е тоа што никој не забележа ништо необично во мојата биографија“, рекол Ли.

Реакции на компаниите

Иако не ги откри имињата на компаниите кои го поканиле на интервју, Ли изјавил дека една од поканите е од познатиот онлајн форум „Редит“. Неговиот експеримент брзо стана вирален, при што многу корисници се идентификуваа со неговото искуство. Некои се пошегуваа дека понекогаш дури и не добиваат автоматски одговор на апликациите, а камоли покана за интервју.

Пораката зад експериментот

Иако овој пристап не е типичен пример за барање работа, Ли често споделува совети за пишување ефективна биографија и стратегии за успешни апликации на неговиот профил на ТикТок. Неговиот експеримент нè потсетува на важноста да се размислува „надвор од кутијата“ и да се приспособат стратегиите во денешниот конкурентен свет на вработување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг