Мерка притвор добија тројца учесници во инцидентите во Скопје

Макфакс

30/11/2024

16:56

719

Големина на фонт

а а а

МВР соопшти дека од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, заедно со ЕИП, лишени се од слобода осум лица во врска со извршено кривично дело “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа” по чл.319 од КЗ, по повод организираната прослава на албанското знаме на плоштад Скендербег во Скопје, при што по завршување на прославата од страна на повеќе лица на неколку локации на бул. “Крсте Мисирков”, беше извршено палење и кинење на државното знаме на РСМ.

Од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал преземени се оперативни мерки и активности, како и прегледи на видео снимки од безбедносни камери и видеа објавени на социјални мрежи, при што е обезбеден доказен материјал и документирани се дејствијата на лицата Ф.И., Е.Д. и С. М..

- Во координација со ОЈО Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа” по чл.319 од КЗ и се изнесени пред Судија за претходна постапка, од чија страна на истите им е одредена мерка притвор во траење од осум дена, стои во соопштението од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг