Бразилската манекенка со меѓународна кариера Лусијана Кертис, нејзиниот сопруг, фотографот Енрике Жендре и нивното 11-годишно дете се киднапирани и држени како заложници 12 часа во Бразил.
„Вооружени криминалци ја чекале манекенката со сопругот и детето да го напуштат ресторанот, а потоа ги киднапирале“, се наведува во соопштението на бразилската полиција, а пренесува „Њујорк пост“.
Киднапирањето се случило по вечерата во луксузен кварт во Сао Паоло.
„Тројцата киднапери им држеле пиштоли на главите на Лусијана и Енрике, ги внеле во нејзиниот автомобил и ги натерале да возат до колиба на периферијата на градот, каде што ги држеле цела ноќ. Тие биле ослободени следното утро откако ги испразниле нивните банкарски сметки“, се наведува во полициското соопштение.
Полицијата ја повикало постарото дете на Лусијана кое не отишло на вечера со семејството.
Vídeo: modelo internacional é sequestrada com marido e filha em SP https://t.co/Hc1uvDya8A via @Fato Amazônico pic.twitter.com/lDsQpiwz7g
— Fato Amazônico (@fatoamazonico) November 29, 2024
„Лусијана и нејзиното семејство сега се безбедни и се добро“, изјавил нејзиниот ПР за локалните медиуми.
Лусијана Кертис (47), која е родена во Сао Паоло, е ќерка на британскиот бизнисмен Малколм Лео Кертис. Таа го освои бразилското финале на Супермодел на светот во 1993 година, ги красеше насловните страници на модните списанија како „Мери Клер“ и „Космополитен“, соработуваше со познати личности како Бијонсе додека беше модел за „Викторијас сикрет“ и „Х и М“.
Лусијана во текот на кариерата заработила многу пари и поседува куќи во Њујорк, Лондон и Бразил.