Завршниот настан на организацијата за боречки вештини ПФЛ, одржан во Ријад, донесе борби за шампионските титули во 2024 година, а една од највпечатливите победи ја оствари Дагестанецот Гаџи Рабаданов. Тој брутално го нокаутира поранешниот шампион во Белатор, Брент Примус во третата рунда и ја освои титулата во лесна категорија во својата прва година во ПФЛ.
Рабаданов е во серија од 10 победи, го подобри својот вкупен рекорд на 24-4-1 и се покажа како еден од најдобрите во светот во својата категорија.
Овој 31-годишен Дагестанец е член на тимот на Хабиб Нурмагомедов и често тренира со легендарниот борец, со неговиот непоразен братучед Усман и со Ислам Махачев.
Рабаданов против Примус во целост го демонстрираше раскошот на дагестанскиот стил и со комбнација удари го собори противникот и го принуди судијата да ја прекине борбата.
Рабаданов на тој начин го освои турнирот во лесна категорија, каде од почетокот на годината со едногласна одлука ги победи Соломон Ренфро и Елвин Еспиноза и во полуфиналето во втората рунда го исфрли Мајкл Дуфорт. Тој заработи милион долари за освојување на турнирот, но тоа може да биде и негова последна борба во ПФЛ бидејќи логично е да се префрли во УФЦ.
Gadzhi Rabadanov DROPS Primus early in the 2nd round!#PFLWorldChampionship
— PFL (@PFLMMA) November 29, 2024
LIVE NOW ON ESPN+ pic.twitter.com/6YEJkSAQiH