Почина познатиот бодибилдер „Зе“: Доживеа срцев удар во текот на тренингот

Точка

29/11/2024

21:41

11.152

Големина на фонт

а а а

Познатиот бразилски бодибилдер Хозе Матеус Кореира Силва (28) почина откако доживеа срцев удар во текот на тренингот во Бразилија.

Како што пренесува „Marca“, Силва тренирал во салата Агуас Кларас, кога му се слошило, а потоа пријателот го однел во блиската противпожарна станица за да му укажат помош, меѓутоа не успеале да му го спасат животот.

Во моментот на неговата смрт, Хозе Матеус Кореира Силва не се подготвувал да учествува на ниту еден професионален натпревар, туку подготвувал други бодибилдери.

Веста за смртта на „Зе“, прекарот по кој беше познат Силва, ја потврди „Moov Sport Nutrition“, бодибилдинг компанијата чијшто партнер беше тој.

„Со голема тага ја примивме веста за смртта на Хозе Матеус, познат како „Зе“. Неговото неочекувано заминување нè остави без зборови и со огромна празнина“, соопштија од „Moov Sport Nutrition“.

Силва беше на врвот на кариерата пред шест-седум години, откако го освои деветтото место на првенството на Јужна Америка во 2018 година, а го зазеде деветтото место на натпреварувањето „Arnold Classic“ во Јужна Африка во 2017 година.



Неговиот брат Тиаго изјави дека Зе бил во добра форма и добро здравје, негирајќи ги гласините кои ја поврзуваат неговата смрт со употреба на анаболни стероиди.

Инаку покрај бодибилдингот, Силва се занимавал и со нутриционизмот, а бил и адвокат.