Риалити ѕвездата Олга уапсена поради шверц на дрога: Нејзиниот пријател ги платил сите трошоци за пат на Тајланд, и тогаш ја сопреле цариниците

Точка

29/11/2024

16:22

1.309

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на реалното шоу на Нетфликс „Too Hot To Handle“, 27-годишната Олга Беднарска, е уапсена откако цариниците на аеродромот во Манчестер ја фатиле со два големи куфери во кои имало 40 килограми канабис.

Според „Манчестер ивнинг нуз“, ѕвездата од „Too Hot To Handle“ кога била уапсена во октомври тврдела дека куферите ѝ ги дал пријател по име Текс. Инфлуенсерката, која се појави во третата сезона на хит реалното шоу Нетфликс, тврдела дека лицето го платило нејзините летови и побарало од неа да испорача дизајнерска облека и часовници од Пукет.


Олга, по потекло е од Полска, која живее во Манчестер, успеала да избегне затвор откако се обидела да прошверцува дрога вредна 150.000 фунти, што е околу 180.000 евра, во Велика Британија.


Во судот било кажано и дека Беднарска „живеела над своите можности“, имала долгови во износ од 16.000 фунти. За да ги исплати своите долгови, таа се согласила да лета за Тајланд и да ги увезе сите тие дизајнерски предмети во Велика Британија, во замена за 18.000 фунти со кои би ги отплатила долговите.


Таа се расплакала пред судот откако била поштедена од затвор и ја признала вината дека е соучесник во кривичното дело. Судијата Џон Потер ѝ изрекол условна казна од 20 месеци. Покрај условната казна, Беднарска доби и 15 дена рехабилитација.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг