Обожавателите бесни на Алек Болдвин, по неговата изјава за сопругот на починатата снимателка: „Се надевам дека ќе профитира“

Точка

29/11/2024

19:19

768

Големина на фонт

а а а

Неодамна се одржа премиерата на филмот „Rust“ на чиешто снимање настрада снимателката Халина Хачинс, меѓутоа Алек Болдвин не присуствуваше на премиерата.

Имено, актерот Алек Болдвин, кој е и ѕвезда на филмот, изјави дека не ја гледал финалната верзија на филмот и не планира да го направи тоа.


Иако не го гледал филмот, сакал истиот да биде објавен за парите да им се вратат на вложувачите. Тој исто така изјави дека се надева оти сопругот на Халина, Мет Хачинс, ќе може да профитира од филмот.

„Не ја гледав финалната верзија на филмот и не планирам. Но, се надевам дека ќе биде објавен, дека парите ќе им бидат вратени на вложувачите. Никогаш не сакате луѓето кои веруваа во вашиот проект да ги оставите на цедило. Се надевам дека филмот ќе помине добро и дека Мет ќе ги добие своите пари. Постигнавме договор со него и сакаме да го испочитуваме. Луѓето кои велат дека ние профитираме од филмот, апсолутно грешат“, изјави Алек, а пренесува „TMZ“.


Болдвин истакна колку целата ситуација била тешка за него и неговото семејство и дека поради тоа нема да го гледа филмот.

„Ова е најтешкото нешто со кое се соочив во мојот живот. Покрај самите жртви, она што најмногу ме боли е она што ѝ беше направено на мојата сопруга. Се обидуваме да се охрабруваме еден со друг и да се оддалечиме од овие работи бидејќи филмот засекогаш ќе биде во сенка на она што се случи“, истакна актерот.


По изјавата на Балдвин, многумина од неговите обожаватели коментираа дека неговата изјава дека се надева оти сопругот на настраданата Халин Хачинс ќе профитира по филмот не била соодветна.

Од друга страна, сопругот на починатата снимателка не се огласи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг