[ВИДЕО] Канје Вест сними спот со ќерките па предизвика поделени реакции

Точка

29/11/2024

14:16

1.103

Големина на фонт

а а а

Ќерките на Канје Вест и Ким Кардашијан, Норт (11) и Чикаго (6), станаа ѕвезди во новиот спот за песната на нивниот татко наречена „Bomb“. Меѓутоа, видеото предизвика многу реакции на социјалните мрежи.

Имено во видеото, девојчињата возат „Tesla Cybertrucks“ низ пустината, додека се борат со маскирани суштества кои ги гонат. Во песната и двете сестри рапуваат, а Норт дури користи и комбинација од англиски и јапонски јазик.

Ким Кардашијан го сподели видеото на својот Инстаграм, што предизвика лавина коментари. Додека некои ја пофалија поранешната двојка бидејќи им дозволиле на децата да ја изразат својата креативност, од друга страна многумина тоа го нарекоа непотизам.


„Следниот пат кога некој ќе ме праша што е непотизам, ќе им го покажам ова видео“, „Ова е верзија на детски настапи во дневната соба, само што наместо нивните баби, ги гледаат милиони обожаватели“, „Само затоа што го можете тоа, не значи дека треба да го направите“, беа само дел од коментарите.

Меѓутоа, имаше и такви кои беа воодушевени од тоа што песната во која се појавуваат деца е соодветна за нив. „Сигурно децата го смислија ова видео, и тоа е нивната креативност“, „Одлично нешто! Браво деца“, „Не разбирам зошто ги критикувате децата, тие очигледно сакале да направат песна и да се забавуваат, а вие ги „хејтате“ поради тоа“, беа само дел од позитивните коментари.


Инаку песната „Bomb“ е дел од албумот „Vultures 2“ и е резултат на соработката на Канје Вест и „Ty Dolla $ign“. Норт, која е позната и како „Miss Miss Westie“, претходно беше вклучена во претходниот албум на Вест, „Vultures 1“, каде што нејзината песна „Talking / Once Again“ го достигна 30-то место на листата „Billboard Hot 100“.


Исто така Норт претходно покажа интерес за музиката и откри дека работи на нејзиниот деби албум, насловен „Elementary School Dropout“, кој алудира на првиот албумот на Вест од 2004 година, „The College Dropout“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг