Ова е најголемото промашување во историјата на фудбалот и во Лигата на шампионите:Како го промаши ова?

Точка

28/11/2024

13:14

3.573

Големина на фонт

а а а

Првата победа уште од сезоната 2000/01 ја забележаа фудбалерите на Штурм во Лигата на шампионите, совладувајќи ја ни помалку ни повеќе Џирона (1:0), клуб од Шпанија, која минатата сезона беше вистински хит во Примера, а и сега е во горниот дел од табелата.

Како резултат на тоа, австрискиот шампион скокна на 29. место на табелата и е во групата на екипи со три бода, заедно со Џирона, Црвена Звезда и Салцбург.

Мика Бирет ја донесе победата во 59. минута, по асистенција на Сиди Јата, но прашање е што ќе се случеше доколку ривалот не се "посрамеше" во првото полувреме.

Кошмар на секој фудбалер е да пропушти шанса, за која се вели дека е потешко да се промаши отколку да се искористи, а токму тоа му се случи на Иван Мартин.

Играчот од средниот ред, кој викендов се врати на теренот по проблем со повредата, беше актер на шанса која не се пропушта лесно во 23. минута. Ја прими топката буквално на два метри пред голот и некако успеа да ја префрли пречката.

Погледнете сами и уверете се како изгледаше тоа…