Арсенал покажа сила, моќ и го разби Спортинг Лисабон со 5-1 во средбата од 5. коло во групната фаза на Лигата на шампионите.
Спортинг во претходната рунда го посрамоти Манчестер Сити на истиот овој терен, но „топчиите“ не дозволија такво сценарио и му земаа мерка на тимот кој има импресивни резултати во актуелнава сезона, поточно пред овој меч имаше серија од 17 победи и 1 реми.
Токму поради ова е значен резултатот на Арсенал на кој горд е менаџерот Микел Артета.
- Тоа е она што треба да го направиме. Треба да најдеме конзистентност. Сакате да бидете кандидат за големи нешта? Мора да бидете конзистентени. Победи и победи повторно. Денеска беше многу поинаков натпревар, но ние реагиравме навистина добро, ајде сега да продолжиме.
- Ова најдобриот европски меч на Арсенал под мое водство. Особено против тим кој не загубил дома 18 месеци. Тие беа во неверојатна форма, подобри од сите со кои се соочија овде. Да се настапи така против нив е многу задоволувачко, - заклучи Шпанецот.