Интер го одбрани домашниот терен и славеше над РБ Лајпциг со 1-0 во соочувањето во Лигата на шампионите со што во моментов е на првото место на табелата пред Барселона и Ливерпул кој допрва ќе го има мечот од оваа рунда против Реал Мадрид.
Ова за клубот од Милано беше трето славје во низа со истиот резулат, а во досегашните пет напревари нема примено ниту еден гол што доволно говори за цврстината, стабилноста на калчолигашот.
- Нормално дека сме задоволни, бидејќи знаевме колку беше важен овој натпревар. Вистина е дека Лајпциг има нула бодови на табелата, но до минатата сабота беше втор во Бундеслигата со најдобра одбрана во лигата. Имаат многу квалитет.Моравме да одржуваме рамнотежа и не беше лесно против многу агресивна страна која притиска високо. Еден проблем беше што не постигнеме втор гол, но освен една одбрана на Јан Сомер, ние навистина многу не страдавме, - рече тренерот Симоне Инѕаги кој не крие дека сака да го види неговито тим во финалето на ЛШ.
- Тоа е целта за сите големи клубови, особено за мене затоа што сум во Интер. Знаеме дека не е лесно да се игра на секои два и пол дена, навистина одзема многу од вас, па јас сум среќен што ги имам овие момци. Сите тие се подготвени за дополнителен напор и работа, - вели Инѕаги.