Популарната пејачка Лејди Гага неколку пати јавно зборуваше дека била подложена на козметички третмани, но секогаш негираше какви било естетски зафати. Меѓутоа, козметичките експерти забележаа одредени промени на нејзиното лице, пишува „Daily Mail“.
Нивното мислење е дека пејачката има направено естетски зафати, вклучувајќи ринопластика, отстранување на маснотии од лицето, па дури и операција за преобликување на аглите на нејзините очи.
Пластичниот хирург Џоел Копелман се сомнева дека Гага направила операција за затегнување на кожата. Истражувајќи ја нејзината трансформација во последните две децении, лекарот анализирал нејзина фотографија од 2004 година, кога имала 18 години. Тогаш забележал асиметрија во левиот горен очен капак во споредба со десниот и полнота на врвот на носот.
„Од 2010 година пејачката почнува да изгледа поинаку“, забележа лекарот тој и дека можеби го оперирала носот бидејќи тогаш носот и изгледал потесен. „Исто така, нејзините усни изгледаат пополни, па може да се заклучи дека најверојатно користи некои филери за пополнување и зголемување на усните“, додаде Копелман.
Лекарот ја анализирал и нејзината фотографија од 2011 година, кога имала 25 години. Забележал дека очните капаци ѝ биле повеќе подигнати и поради тоа заклучил дека можеби имала операција за подигнување на очните капаци. Додека со анализа на фотографија од 2015 година лекарот заклучил дека Лејди Гага најверојатно ги отстранува маснотиите од лицето.
„Порано тоа беше шминка, но сега мислам дека се случила структурна промена“, додаде тој.
На фотографијата од 2018 година тој ја забележал симетријата меѓу нејзините очни капаци и така заклучил дека сигурно имала операција на очните капаци. Исто така овој лекар верува и дека Гага користела филери на усните и под веѓите.