Поглед на гасниот гигант: НАСА објави нови прекрасни фотографии од Јупитер

Точка

21/11/2024

18:24

13.146

Големина на фонт

а а а

Вселенското летало „Juno“ на НАСА помина огромно растојание во период од пет години за да стигне до орбитата на Јупитер, а долгото патување се исплатеше.

Од 2016 година, инструментот „JunoCam“ на вселенското летало Juno прави спектакуларни фотографии од гасниот џин, а најновите не се исклучок и може да се каже дека се едни од најдобрите досега. Фотографиите вклучуваат придонеси од научници и вселенски ентузијасти, кои користат јавно достапни „сирови“ фотографии од инструментот „JunoCam“ и ги обработуваат.


„Типовите на обработка на фотографии кои би сакале да ги видиме се движат од едноставно отсекување фотографија до истакнување одредена атмосферска карактеристика, како и додавање на сопствени подобрувања во боја, создавање колажи и додавање напредна реконструкција на боите“, велат од НАСА.


Секој може да презема необработени датотеки и да придонесе за страницата на заедницата „JunoCam“, која исто така вклучува дискусии и пристап до дискусии.