[ФОТО] Помеѓу нив има 25 години разлика, а 24 љубов: Непоколебливиот холивудски пар ја прослави својата годишнина

Точка

19/11/2024

21:19

468

Големина на фонт

а а а

Тие се убедливо омилениот холивудски пар, кој вчера ја прослави својата 24-та годишнина и покрај предвидувањата дека нивната врска ќе биде краткотрајна.

Актерската двојка Кетрин Зета Џонс (55) и Мајкл Даглас (80) ја прославија 24-годишнината од нивната љубов. Овој датум актерката го одбележа на посебен начин на социјалните мрежи.


Кетрин Зета Џонс објави низа од неколку заеднички фотографии кои го прикажуваат самиот почеток на нивната љубовна приказна, а сите беа од свадбата, додека во описот под фотографиите актерката напиша емотивна порака.

„Пред 24 години кажав „да“. Среќна годишнина, драг Мајкл, нашата љубов е како совршено достигнување, полн погодок. Мораш да ја видиш за да поверуваш. Те сакам“, напиша Кетрин.


Даглас возврати со слична фотографија, па нема сомнеж дека двајцата се сакаат исто како и првиот ден.

Како се запознале Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас?

Сè започнало во 1998 година, кога Мајкл ја забележал и го договорил нивниот прв состанок. Тоа беше љубов на прв поглед, а набрзо потоа ја започнаа врската.



И покрај разликата од 25 години, нивната љубов успеа да истрае, без оглед на сите притисоци. Во бракот добија две деца, синот Дилан и ќерката Керис, а интересно е што Дилан тргна по стапките на своите родители, глумејќи во еден театар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг