Властите во Тексас уапсија три возрасни лица кои наводно затвориле шестгодишно дете во машина за сушење алишта, а потоа ја вклучиле машината.
Данкан Хејвен (18), Џекори Гил (20) и Лајф Форд (19) беа уапсени во понеделникот на 11 ноември, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Херис.
Истрагата започна откако полицијата реагирала по пријавата за шестгодишно дете затворено во машина за сушење во перална во Хјустон. Кога пристигнале на местото на настанот, детето било „видливо потресено и плачело“, изјавил шерифот Марк Херман.
Властите дознале дека на Хејвен, Гил и Форд се грижеле за детето, а според извештајот, пред застрашувачкиот настан, детето изгубило ќесичка чипс поради што се вознемирило.
Наводно, Хејвен потоа го ставил детето во машина како „казна“ и го заклучил внатре, пишува во изјавата на шерифот Херман.
Во судскиот записник прегледан од магазинот „People“, инспекторите велат дека Хејвен го ставил детето во машина и покрај тоа што тоа се спротивставувало, користејќи ги нозете за да го спречи затворањето.
Тогаш Хејвен наводно го „преместувал“ детето во машината за сушење со употреба на сила со цел да го задржи внатре, се наведува во записникот, повикувајќи се видео – снимка од пералната која ја прегледале истражителите.
Во текот на борбата, полицијата вели дека Форд ја затворил вратата на машината и ја држел додека Гил ја вклучил машината користејќи кредитна или дебитна картичка.
Во записникот се наведува дека детето било оставено во машина за сушење околу една минута пред Хејвен да го извади, а потоа наводно го ставил во количка и агресивно замавнувал со него. Меѓутоа, според изјавата на шерифот Херман, детето било во машина за сушење околу пет минути.
Случајни минувачи потоа повикале полиција и брза помош, која го прегледала детето пред да му го предаде на старателот.
Додека полицијата била на местото на настанот, наводно пристигнала и мајката на детето и му викала на детето, велат истражителите во записникот. Надлежните потоа ја одвоиле мајката од детето, а таа не била обвинета во врска со случајот.
Кога полицијата се обидела да го уапси Гил, Форд наводно ја „оттурнала раката на заменикот на шерифот“ за да му дозволи на Гил да избега, додека Гил избегал пеш, стои во записникот. Меѓутоа Гил подоцна бил контактиран преку „Facetime“ преку телефонот на мајката на детето и се согласил да се предаде.
Односот помеѓу тројцата осомничени, како и нивната врска со детето и неговата мајка била нејасна.
Хејвен бил обвинет за загрозување на детето и е задржан во притвор со кауција од 75.000 долари, покажуваат судските записи од округот Херис.
Гил бил обвинет за загрозување на дете и бегање од апсењето. Форд, која првично беше обвинета за попречување на службената должност, подоцна беше обвинета и за загрозување на дете, стои во судскиот записник.
Инаку Гил и Форд биле ослободени со кауција од 100 долари.
Судските записи не покажуваат дали Гил и Форд се изјасниле како виновни како и дали ангажирале адвокати. Исто така судските записи не укажуваат на тоа дека Хејвен ја признал вината, а неговиот адвокат не одговорил на барањата за коментар кои му биле испратени од магазинот „People“.