„Граѓаните на Скопје мрзнат“: Галетановски повика на итни мерки за решавање на проблемите во јавниот превоз

Макфакс

18/11/2024

20:43

220

Големина на фонт

а а а

Претседателот на градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски, упати критики до градската власт поради хаосот во јавниот превоз во Скопје.

Tој предупреди дека граѓаните се оставени на милост и немилост на лошото управување со ЈСП. „Граѓаните на Скопје мрзнат! Утрово се жалат дека повеќе од 40 минути чекале на автобусите со број 5 и 15. Ова е недозволиво,“ изјави Галетановски. Тој посочи дека и покрај вчерашните уверувања од Град Скопје дека ЈСП ќе вози со полн капацитет, ситуацијата денеска била уште полоша. „ЈСП сè уште е без нафта.


„Претпријатието кое има проблем со автобуси и долгови, сè уште не обезбедило основни ресурси за нормално функционирање,“ додаде Галетановски, пренесувајќи ја загриженоста на синдикатот на ЈСП, кој оваа состојба ја нарече „голем срам за градот“. Според Галтеновски, ваквото управување не е само прашање на некомпетентност, туку и на целосна негрижа за потребите на скопјани.

„Срам за Град Скопје и за оние што го водат. Градот не е приватна фирма за експериментирање. Ако градоначалничката и Советот не можат да ја завршат својата работа, време е да си заминат,“ истакна тој.

Претседателот на градската организација на СДСМ повика на итни мерки за решавање на проблемите во јавниот превоз.

„Потребно е итно решение за јавниот превоз на скопјани. Град Скопје заслужува подобро од ова,“ потенцира Галетановски.

СДСМ апелира до градските власти да преземат одговорност и веднаш да ги обезбедат потребните ресурси за нормално функционирање на јавниот превоз, бидејќи трпението на граѓаните е на граница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг