[ФОТО/ВИДЕО] Меко овчо сирење од Португалија прогласено за најдоброто во светот за 2024 година

Точка

18/11/2024

14:54

849

Големина на фонт

а а а

Мекото овчо сирење наречено „Путерно овчо сирење“ / (Queijo de Ovelha Amanteigado) е прогласено за најдобро во светот за 2024 година на натпреварот во Португалија.

Овогодинашната Светска награда за сирење – најголемата од нејзиното основање во 1988 година – собра 4.786 сирења од 47 земји во португалскиот град Визеу, за да се соочат со остроумниот надзор на 240 експерти собрани од целиот свет, пишува Си-ен-ен.


Сирењето, произведено од малата португалска компанија „Кинта до Помар“ со 10 вработени, го постигна најдобриот резултат од 14-те финалисти, кои вклучија не помалку од пет швајцарски сирења, плус сирења од Бразил, САД, Норвешка, Италија, Германија и Шпанија.


Направено со вегетаријанско сириште од растението чичок, победничкото сирење е опишано како меко, сјајно, путерно сирење со растителна горчина, што обично се служи со отсекување на горниот дел и отстранување на средината.



„Тоа е прилично избалансирано… раскошно. Тоа е навистина возвишена комбинација на протеини и масти. Тоа е навистина фантастично сирење“, изјавил португалскиот извозник на сирење Мануел Маја, еден од членовите на жирито.


Судењето било спектакл само по себе. На 104 маси во главната сала биле распоредени тимови од експерти, од кои секој требашл да проба по околу 40 сирења од сите форми, бои, големини, возрасти и текстури. Собирањето на илјадници сирења на собна температура под еден покрив неизбежно произведува и интензивна арома во просторот.



„Тоа е многу продорен мирис“, вака ја опишал атмосферата Џон Фаран, генерален менаџер на „Еснафот на убава храна“ и организатор на натпреварот со седиште во Велика Британија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг