Жителката на Флорида, завршила во болница откако направила бизарна грешка ставајќи си лепило за нокти во окото наместо капки за очи.
Бријана Шиплеј се разбудила во текот на ноќта и посегнала по погрешното шише, и неколку секунди подоцна почнала да вреска од болка.
„Почувствував дека ме гори и почнав хистерично да врескам. Му „кажав“ на телефонот да повика брза помош и викав по мојот 17-годишен син“, раскажала Бријана. Таа подоцна отишла во тоалет и го исплакнала окото со вода, меѓутоа тоа не ѝ помогнало, поради што заминала во болница, пренесува „Daily Mail“.
На Бријана ѝ била направена интервенција на окото, по што била пуштена дома, а три дена по инцидентот, видот и понатаму ѝ е „заматен“, а таа се надева дека наскоро сè ќе се врати во нормала.
Инаку Бријана ја опиша својата драма на ТикТок, при што многумина нејзини следбеници открија дека направиле слични грешки.
„Ја сфатив грешката додека капката ми паѓаше на окото, но веќе беше доцна. Во темницата посегнав по погрешно шише. Во текот на првите 10 минути бев во неверојатна паника, не знаев што ќе се случи. Тоа беше најдолгото и најболното возење до болница во мојот живот“, раскажа Бријана.
Инаку лекарите морале да ѝ вметнат стерилна „морган леќа“, медицински уред кој без прекин го чисти окото со вода со цел да ги отстрани хемикалиите.