Двајца пешаци во текот на вчерашниот ден се здобиле со тешки повреди кога во нив удриле автомобили, во Делчево и Скопје.
Првата несреќа се случила вчера во 16 часот во Сарај, кога автомобил удрил во 51-годишна жена.
„Патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(58) од селото Глумово, скопско, удрило во С.С.(51) од Сарај. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје“, соопшти МВР.
Околу два часа подоцна, пешак настрада и во Делчево. Според информациите на полицијата, на улицата Светозар Марковиќ во Делчево, автомобил „шкода“ со делчевски регистарски ознаки, управуван од З.О.(48), удрил во пешакот Т.А.(57), двајцата од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен е полициски увид на двете места.