Петок неработен ден за припадниците на албанската заедница

Макфакс

18/11/2024

12:18

231

Големина на фонт

а а а

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2024 година (петок), Ден на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг