[ФОТО/ВИДЕО] Џејк Пол против Тајсон во најскапата боксерска опрема во историјата: Го чинеше вртоглава сума на пари

Точка

16/11/2024

21:29

3.023

Големина на фонт

а а а

Џејк Пол на борбата со легендарниот Мајк Тајсон, одлучи да се појави во како што кажа самиот „најскапата боксерска опрема на сите времиња“.

Според Пол, неговата опрема која вклучуваше шорцови, патики и јакна, беше украсена со дијаманти од 380 карати. Оваа луксузна облека, беше дизајнирана од страна на компанијата „Surgeon“ од Лос Анџелес, а се проценува дека вреди околу 1 милион долари.

Сребрените шорцови го содржеа името на Пол украсени со дијаманти на предната страна, и дијамантските ланчиња кои беа закачени и на шорцовите и на неговите боксерски патики. Сивата јакна која го комплетираше неговиот изглед беше украсена со светкави дијамантски камчиња како и логото на брендот за лична нега на Пол – „W“.


Облеката за која се одлучи Пол не беше само одраз на неговата желба да се истакне, туку и потенцирање на неговиот имиџ на забавувач, каде луксузот и провокацијата имаат клучна улога.


Во пресрет на борбата со Тајсон, Пол, исто така се осврна на познатиот инцидент во 1997 година кога Мајк Тајсон му одгризна дел од увото на Евандер Холифилд, на начин што носеше навлака за уво со дијаманти, дополнително нагласувајќи го неговиот фокус врз спектаклот и забавата отколку врз спортот.


Трошењето пари на луксузен накит и облека не е ништо ново за Џејк Пол. Пред оваа борба, тој веќе имаше потрошено 7 милиони долари на часовник „Jacob and Co.“, ддека за дијамантските навлаки за уши „VOBARA“ потроши 200.000 долари.

Оваа тенденција за интеграција на луксузот во сите аспекти од неговата кариера и личниот живот го одразува имиџот на Пол како забавувач, повеќе отколку оној на традиционален спортист.


Од друга страна за многумина неговиот луксузен начин на живот и акцентот врз забавата, а не врз техничките вештини, предизвикаа сомнеж во сериозноста на неговата боксерска кариера, но за други, ова е формулата која го направи боксот поинтересен и повеќе гледан од страна на помладата, модерна публика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг