Долго очекуваната боксерска пресметка меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол заврши со судиска одлука и му припадна на популарниот јутјубер и инфлуенсер.
Помладиот од двајцата учесници на ова атрактивно соочување издоминира во осумте предвидени рунди за борбата и заслужено го победи поранешниот светски шампион во тешка категорија.
Jake Paul bows to Mike Tyson at the end of the match. #PaulTyson pic.twitter.com/FUQGZVyADQ
— Netflix (@netflix) November 16, 2024
Тајсон не успеа да го одржи ритамот и на 58-годишна возраст да обезбеди престижна победа, додека Пол забележа уште еден важен триумф во својата специфична боксерска кариера.
Борбата се одржа во Тексас, ја следеа и милиони претплатници на „Нетфликс“, а на крајот судиите одлучиле со резултат 80-72, 79-73 и 79-73, што е потврда за подобрата физичка подготвеност и формата на Пол, нешто што Тајсон не можеше да го испорача на овој езгибизиски дуел.
Mike Tyson vs Jake Paul FULL FIGHT#MikePaul pic.twitter.com/rzzLBYpezu
— VVENZ (@VENZZHills) November 16, 2024
Според статистиката, Тајсон испорачал само 18 удари, додека Пол имал 78 контакти со поранешниот двократен светски шампион.