Неколку совети за избор на зимски гуми

Точка

14/11/2024

11:50

8.964

Големина на фонт

а а а

Зимските гуми се клучен фактор за безбедно и стабилно возење во услови на снег, мраз и ниски температури. Со правилен избор на зимски гуми, возилото ја добива потребната стабилност и контрола, што значително го намалува ризикот од несреќи и дефекти во зимскиот период.

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември

Од 15 ноември до 15 март задолжително е користење на зимска опрема. За да избегнете казни и несакани прекршоци, осигурете се дека вашето возило е соодветно опремено со зимски гуми или со задолжителни синџири за снег, согласно пропишаните стандарди.

Изберете соодветни зимски гуми

Не го одложувајте менувањето на летните гуми со зимски, бидејќи температурата под +7°C ja намалува влечната сила и ефективноста на летните гуми.


Инвестирајте во квалитетни зимски гуми – тие се клучни за вашата безбедност на пат во зима. При избор на зимски гуми, има неколку важни фактори кои треба да се земат предвид за да се обезбеди безбедно и стабилно возење во студени и снежни услови:

- Видот на гумите – зимски гуми со длабока шара и посебна смеса кои ги прави пофлексибилни на зимски услови или гуми за сите сезони ако не возите често во зима.

- Означување - „M+S“ (mud + snow) и симболот на снегулка на планина со три врвови (3PMSF) е гаранција дека гумата ги исполнува стандардите за зимски услови.


- Длабочина на шарите - Препорачаната длабочина на шара за зимски гуми е најмалку 4мм

- Ширина на гумата - За зима изберете малку потесни гуми, бидејќи тие полесно се пробиваат низ снег.

- Квалитет - Познатите брендови често нудат подобар квалитет и тестирани перформанси.

- Датум на производство - Проверете го DOT бројот на гумите (четирицифрен код на страничната страна) кој покажува кога се произведени. Зимските гуми обично се препорачува да не се постари од 5 години, бидејќи со текот на времето материјалите губат еластичност.


Оценките од најновото тестирање на безбедноста на зимските гуми за 2024 година, можете да ги видите тука.

Истражете ги цените и понудата на зимски гуми и ќе се изненадите од можноста значително да заштедите.

Патувајте БЕЗГРИЖНО!