Наследникот на Аморим ја нема потребната лиценца

Макфакс

13/11/2024

18:05

1.271

Големина на фонт

а а а

Жоао Переира, новиот тренер на Спортинг Лисабон, како што стојат работите, ги нема потребните квалификации за да води тим во највисокиот ранг во Португалија.

Португалските медиуми пишуваат дека во следните неколку дена Здружението на професионални тренери (АНТФ) ќе поднесе жалба против Переира бидејќи ги нема потребните квалификации.

Да потсетиме, Переира во понеделникот беше претставен во клубот како наследник на Рубен Аморим, кој го презеде Манчестер јунајтед.

Но, во меѓувреме работите се комплицираат и за него и за клубот.

„Националната асоцијација на фудбалски тренери не може да го признае (Переира) како тренер на Спортинг, со оглед на тоа што тој го нема потребниот сертификат за извршување на неговите должности. Во овие околности, се разбира, ќе мора да ги преземеме неопходните мерки кои се традиција на оваа организација, односно Здружението треба да ја пријави ситуацијата до надлежните органи“, рече претседателот на АНТФ, кој во истиот разговор ја пофали работата на претходникот на Переира, Аморим и неговиот ангажман во англискиот великан.