Ентони Блинкен: Администрацијата во заминување ќе ја зголеми помошта за Украина пред да се врати Трамп

Макфакс

13/11/2024

12:09

529

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска во Брисел дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе ја зголеми поддршката за Украина во следните неколку месеци, пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата.

Тој изјави и дека американската администрација во заминување ќе го искористи преостанатото време за зајакнување на НАТО.

„Администрацијата во заминување ќе продолжи да поддржува се што правиме за Украина. Претседателот Бајден има намера да ја протурка целта и да го користи секој ден да продолжи да прави се што направивме во изминатите четири години, што вклучува зајакнување на НАТО“, рече Блинкен , пренесува Ројтерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг