[ФОТО] Јамал доби златен „Iphone“ од најдобриот пријател во Барселона: Како изгледа подарокот од 12.000 евра

Точка

13/11/2024

10:41

1.289

Големина на фонт

а а а

Рафиња на својот соиграч од Барселона, Ламин Јамал му подари персонализиран златен „iPhone“ вреден 12.000 евра, како подарок бидејќи беше прогласен за најдобар млад играч на светот.

Според „The Sun“, Рафиња бил инспириран од Лионел Меси и Кевин Де Брујн кои претходно купувале позлатени подароци за своите соиграчи.

„Рафиња му подари на Јамал златен „iPhone“, а тој беше воодушевен. Тоа беше знак на нивното пријателство и надвор и на теренот како и подарок по церемонијата на доделување на Златната топка кога Јамал беше прогласен за најдобар млад играч на светот. Рафиња го нарача телефонот специјално за Јамал, а креиран е од „I Design Gold“ и беше персонализиран според неговите желби со врежано име на Јамал на задната страна“, изјави неименуван извор за „The Sun“.


Портпаролот на „I Design Gold“ потврди дека креирале златен „iPhone“ за Јамал, нагласувајќи дека како компанија секогаш се грижат за поединците и создаваат ексклузивни парчиња кои ја отсликуваат нивната личност.

Гестот на Рафиња беше инспириран од Меси, кој по освојувањето на Светското првенство во Катар во 2022 година, им подари златни ајфони на сите членови на аргентинскиот тим и персонал, а тие подароци (35 телефони) го чинеа Меси околу 200.000 евра.