[ВИДЕО] Тренерот кој му удри шлаканица на девојчето од Косово откако загуби од Србинка вели: „Таа ми е ќерка“

Точка

11/11/2024

15:29

12.353

Големина на фонт

а а а

На европското првенство во теквондо за деца, во Тирана, косовскиот тренер ѝ удри шлаканица на осумгодишната Валина Фетиу по поразот од 2:0 од српската натпреварувачка Нина Савиќ. Инаку Фетиу загуби од Савиќ во натпреварот за златен медал, а потоа тажна дојде до нејзиниот тренер.

Тој најпрво ѝ ја извади кацигата, по што девојчето се спушти на подот и почна да плаче, а потоа тренерот ја повлече осумгодишната Фетиу ѝ удри шлаканица. После тоа, судијката се доближи до девојчето и ја прегрна, а насилниот тренер се тргна. Во меѓувреме се појави и веста дека тренерот шест месеци ќе биде суспендиран поради ова дело.

„Таа е моја ќерка и никој не ја сака повеќе од мене“

По овој инцидент, насилниот тренер се огласи, и кажа дека се вика Ваљмир Фетиу и откри дека девојчето на кое ѝ удрил шлаканица е негова ќерка: „Таа е моја ќерка и никој не ја сака повеќе од мене.


Во моментот кога таа беше дезориентирана и лута поради тоа што загуби од српската натпреварувачка, лежеше на земјата не можејќи да го прифати поразот. Јас едноставно сакав да ја смирам и да и објаснам дека и покрај поразот таа е вицепрвак и дека ќе има други шанси“, изјави Ваљмир Фетиу за „Клан Косова“.

„Косовските медиуми наседнаа на српската пропаганда“


Фетиу додаде дека станувало збор за српска пропаганда: „Косовските медиуми наседнаа на српската пропаганда бидејќи се обидоа да му дадат поинаква смисла на тој момент. Повторувам јас сум нејзиниот татко. Мојата жена, мајката на Валина, беше таму, неколку метри подалеку од нас. Ниту еден Србин или Бошњак не може да ја сака мојата ќерка повеќе од нас – нејзините родители. Со Валина работев 12 месеци за ова натпреварување и ќе работам за неа целиот мој живот“, изјави Фетиу.